Kate | Date: Monday, 2014-11-10, 3:44 AM | Message # 1 |
Private
Group: Пријатели
Messages: 9
Status: Offline
| Најпрво подгответе го филот Во сад ставете ги јајцата, половина од шеќерот, ванилата, нишестето, кората и сокот од лимон и малку млеко. Изматете ги да се изедначи смесата. Останатото млеко и шеќер ставете ги да зовријат. Потоа додајте ја смесата и со постојано мешање варете да се згусти како пудинг. Тргнете го на страна, покријте го и оставете го да олади. На крај изматете го путерот и пудингот во изедначена крема. Подготовка на пандишпанот Матете ги јајцата со шеќерот и ванилата долго, да се добие кремаста светла смеса. Додајте го маслото, сокот и кората од лимон и повторно изматите. Додајте го брашното, нишестето и пецивото и убаво измешајте со жица. Смесата турете ја во голем плех обложен со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 10-15 мин,кората да добие кремаста боја. Пандишпанот оставете го да олади и исечете го вертикално на половина. Едната половина попрскајте ја со малку млеко, нанесете пола од кремата израмнете ја и ставете ја другата половина од пандишпан. Попрскајте ја со малку млеко. Одозгора премачкајте ја со останатата крема и изрендајте чоколадо како декорација. Тортата ставете ја неколку сати во фрижидер да се стегни, потоа сечите коцки и послужете ги. · Пандишпан · 4 јајца · 100 гр шеќер · 1 ванилен шеќер · 2 лажици масло · 2 лажици сок од исцеден лимон · 110 гр брашно · 20 гр нишесте · изрендана кора од еден лимон · 1 лажиче прашак за пециво · Фил · 500 мл млеко · 200 гр шеќер · 1 ванилен шеќер · 2 јајца · 80 гр нишесте · исцедн сок од 1/2 лимон · изрендана кора од 1 лимон · 150 гр путер на собнатемпература · малку млеко за прскање на пандишпанот · 2 реда чоколада задекорација
|
|
| |