лого                                               
Sunday, 2024-05-19, 10:05 AM
Добредојде Гостин | RSS
 Радио Број 1 Во Македонија Black Or White  
Black Or White Radio
Почетна | Форум | Логирање панел | Логирање
[ Нова Порака · Регистрирани · Форум Правила · Пребарувај · RSS ]
  • Page 1 of 1
  • 1
Форум » Рецепти » Рецепти » Торти » Кремасти лимони тортички (Кремасти лимони тортички)
Кремасти лимони тортички
KateDate: Monday, 2014-11-10, 3:44 AM | Message # 1
Private
Group: Пријатели
Messages: 9
Reputation: 0
Status: Offline
Најпрво подгответе го филот
Во сад ставете ги јајцата, половина од шеќерот, ванилата, нишестето, кората и
сокот од лимон и малку млеко. Изматете ги да се изедначи смесата.
Останатото млеко и шеќер ставете ги да зовријат. Потоа додајте ја смесата и со
постојано мешање варете да се згусти како пудинг. Тргнете го на страна,
покријте го и оставете го да олади.
На крај изматете го путерот и пудингот во изедначена крема.
Подготовка на пандишпанот
Матете ги јајцата со шеќерот и ванилата долго, да се добие кремаста светла
смеса. Додајте го маслото, сокот и кората од лимон и повторно изматите.
Додајте го брашното, нишестето и пецивото и убаво измешајте со жица.
Смесата турете ја во голем плех обложен со хартија за печење. Печете во
загреана рерна на 200 степени околу 10-15 мин,кората да добие кремаста боја.
Пандишпанот оставете го да олади и исечете го вертикално на половина.
Едната половина попрскајте ја со малку млеко, нанесете пола од кремата
израмнете ја и ставете ја другата половина од пандишпан. Попрскајте ја со малку
млеко. Одозгора премачкајте ја со останатата крема и изрендајте чоколадо како
декорација.
Тортата ставете ја неколку сати во фрижидер да се стегни, потоа сечите коцки и
послужете ги.
· 
Пандишпан
· 
4 јајца
· 
100 гр шеќер
· 
1 ванилен шеќер
· 
2 лажици масло
· 
2 лажици сок од исцеден лимон
· 
110 гр брашно
· 
20 гр нишесте
· 
изрендана кора од еден лимон
· 
1 лажиче прашак за пециво
· 
Фил
· 
500 мл млеко
· 
200 гр шеќер
· 
1 ванилен шеќер
· 
2 јајца
· 
80 гр нишесте
· 
исцедн сок од 1/2 лимон
· 
изрендана кора од 1 лимон
·  150 гр путер на собнатемпература
· 
малку млеко за прскање на пандишпанот
·  2 реда чоколада задекорација
 
Форум » Рецепти » Рецепти » Торти » Кремасти лимони тортички (Кремасти лимони тортички)
  • Page 1 of 1
  • 1
Search:


Copyright Black Or White Radio © 2024

Dj Edi
Website builderuCoz Dj Edi