DjEdi | Date: Friday, 2014-10-31, 2:15 PM | Message # 1 |
Private
Group: Администратор
Messages: 3
Status: Offline
| Состојки 8 палачинки 400 гр мешано мелено месо 1 мала главица кромид 1 морков 2 лажици магдонос 1/2 лажиче црн пипер по вкус сол и мешан сув зачин по потеба масло 1 мало јајце 100 гр ситно рендан кашкавал За поховање на палачинките 2 јајца по потреба брашно по потреба презла по потреба масло за пржење на палачинките
Направете смеса за солени палачинки по сопствен рецепт. Испечете ги ипокриени оставете ги да оладат. За тоа време подгответе го филот за полнење. Кромидот и морковот исецкајте ги многу ситно ипропржете ги во маку масло. Додајте го меленото месо, зачините и пржете го да омекне и испари течноста што ќе ја пушти месото. На крај додајте го магдоносот, измешајте го и тргнете го на страна да олади. Во оладеното месо додајте го ренданиот кашкавали јајцето претходно разматено со вилушка. Измешајте се заедно да се соедини. На секоја палачинка на долниот дел ставите одфилот. Свиткајте ги краевите од страна и завиткајте ја во ролат. Крајот прицврстете го со чепкалка. И така со ред додека се потрошат сите палачинки. Потоа следи поховање. Најпрво извалкајте ги во брашно, во изматенитејајца и на крај во презлата. Пржете ги во загреано масло на не многу високатемпература од сите страни, да добијат зацрвенета боја.
|
|
| |