DjEdi | Date: Friday, 2014-10-31, 2:29 PM | Message # 1 |
Private
Group: Администратор
Messages: 3
Status: Offline
| Земички
Потребни Состојки:
- 1.кгр.брашно - 2 свежи квасци - 3 белки - 3 жолчки - 1филџан за кафе зејтин - 3 супени лажици шеќер - 2 мали лажичиња сол - 250 мл. јогурт или млеко - 250 мл. млака вода - Сусам, ким, афион, по желба
Подготовка:
1. Квасецот со малку сол, шеќер, 1 лажица брашно и малку млака вода се става да стаса. Останатите продукти се ставаат во сад за месење.
2. Кога квасецот ќе стаса се става во садот за месење. Постепено се додава млекото или јогуртот и млаката вода. Се прави средно тесто кое се остава да стаса. Стасаното тесто повторно се размесува и се дели на 40 топчиња-земички.Секоја земичка се премачкува со жолчка и се наросува со сусам, ким или афион по желба.
3. Земичките се печат во плех со хартија за печење, на 250* околу 20 мин.
|
|
| |